Апокалиптични сцени! Смртоносна бура ги опустоши Шпанија и Португалија, евакуирани над 7.000 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Обилните дождови и силните ветрови зафатија делови од Шпанија и Португалија, поради што беа евакуирани повеќе од 7.000 луѓе.

Потврдени се двајца загинати, а се бара и одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија.

Поради невремето Леонардо што го зафати Пиринејскиот Полуостров, португалската влада ја продолжи прогласената состојба на катастрофа во 69 општини до средината на февруари.

 

 

Маж кој загина во Португалија и жена која беше однесена од река во шпанскиот регион Андалузија се последните во серијата смртоносни бури што ги погодија Португалија и Шпанија од почетокот на годината.

Властите во Андалузија, каде што повеќе од 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, во текот на ноќта ги евакуираа станбените области покрај реката Гвадалкивир во Кордоба, а пешачкиот сообраќај беше запрен на Римскиот мост во градот, пренесува The Guardian.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција планира да приватизира мостови во Истанбул: Во игра се 4,4 милијарди долари приходи

„Очекуваме дожд од 30 мм. Во некои други околности тоа би било мала количина на вода, но сега е многу затоа што земјата не може да ја апсорбира, а реките и акумулациите се полни“, рече во петокот претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено.

 

 

На околу 1.500 жители им беше наредено да ги напуштат своите домови во Гразалема, планинско село популарно кај планинарите, откако водата почна да навлегува низ ѕидовите на куќите и да се излева по стрмните камени улици. Постои и голема опасност од одрони.

За време на посетата на координативниот штаб во андалузиската провинција Кадиз во петокот, шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека претстојат „комплицирани денови“ и повика на претпазливост и смиреност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пакистанскиот премиер планира да ја посети Русија

Тој рече дека 10.000 лица за итни случаи се распоредени низ целиот регион.

 

 

Повик за одложување на изборите во Португалија

Реката Дуро се излеа од коритото во Порто во петокот, а големи делови од градот Алкасер до Сал долж реката Садо веќе трет ден се делумно под вода.

Португалскиот командант на АНЕПЦ за цивилна заштита Марио Силвестре изјави дека шест реки, вклучително и Тагус, се во опасност од големи поплави, додавајќи дека Португалија се соочува со најголемата закана од поплави долж Тагус во речиси три децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран

Огромната штета и потенцијалната опасност поттикнаа повици за одложување на вториот круг од претседателските избори во недела.

Андре Вентура, лидер на екстремно десничарската партија Чега, рече дека гласањето треба да се одложи за една недела, бидејќи изборите се „прашање за еднаквост меѓу сите Португалци“.

 

 

Но, националната изборна комисија рече дека изборите ќе се одржат според планираното.

„Вонредната состојба, временските предупредувања или генерално неповолните околности сами по себе не се доволна причина за одложување на гласањето во град или регион“, велат тие.

Портпаролот на шпанската државна метеоролошка служба Аемета, Рубен дел Кампо изјави дека во сабота се очекуваат нови обилни врнежи и многу силен ветер, доаѓа ново невреме Марта.