Јоана Сарафимовска нов директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Јоана Сарафимовска е именувана за в.д. директор на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово.

Сарафимовска има повеќегодишно искуство во самата установа, каде е вработена како стручен соработник за драмска дејност.

Назначена е кон крајот на минатата недела од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Таа доаѓа на местото на Сашо Тодоровски, кој два мандати ја извршуваше функцијата директор.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово загуби од Маџари