Општина Куманово обезбеди над 14 милиони денари за социјални мерки во 2026 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово обезбеди значителни средства од општинскиот буџет за реализација на повеќе социјални мерки во 2026 година, наменети за поддршка на ранливите категории граѓани.

Како што информира раководителот на Секторот за култура, спорт и социјална заштита при Општина Куманово, Александар Крстевски, целта е поголема транспарентност и унапредување на социјалната заштита.

– Со цел за поголема транспарентност и унапредување на социјалните категории за граѓаните на општина Куманово, како и успешна реализација на Програмата на одделението за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на децата во 2026 година, обезбедивме средства од буџетот за финансирање на повеќе мерки“, изјави Крстевски.

 

 

Според него, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се издвоени 7.000.000 денари, за помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица 600.000 денари, додека за еднократна парична помош се наменети 1.500.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово под снежна покривка. Екипите за чистење се на терен (ФОТО)

За ослободување од партиципација за деца од еднородителски семејства и деца Роми на возраст од 0 до 10 години за посетување на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ се издвоени 894.000 денари, а за мерката народна кујна 4.000.000 денари.

Крстевски информира дека „граѓаните барањата за еднократна парична помош може да ги поднесуваат од 1-ви до 5-ти секој месец во текот на целата година“.

Во однос на ослободувањето од партиципација за градинка, тој посочи дека барањата можат да се поднесуваат во текот на целата година, односно до искористување на средствата од буџетот на Општина Куманово.

Барањата за обезбедување оброк преку мерката народна кујна исто така можат да се поднесуваат во текот на целата година или до исцрпување на средствата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  31 точка на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

– Ова право може да го искористат лица приматели на гарантирана минимална помош, лица корисници на право на социјална сигурност за стари лица, лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице, наведе Крстевски.

Право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат стечајни работници без право на материјално обезбедување, самохрани родители, згрижувачки семејства, корисници на гарантирана минимална помош, материјално и станбено необезбедени лица, деца без родители и родителска грижа, лица над 65 години, како и лица со различни видови попреченост, меѓу кои и лица со Даунов синдром и деца со специфични потреби до 26 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  31 точка на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Дополнително, право на субвенционирање на трошоци за кирија ќе имаат корисници на гарантирана минимална помош, материјално и станбено необезбедени лица, жртви на семејно насилство и корисници на социјална сигурност за стари лица.

Барањата за користење на мерките може да се подигнат на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак“, спроти Градскиот стадион, во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Комплетираната документација се доставува во архивата на Општина Куманово во периодот од 12 јануари до 12 февруари 2026 година.

Никола Ивановски