Авион полн со патници добил дојава за поставена бомба. Итно слетување, затворен целиот аеродром!

Сподели со своите пријатели

Авионот што летал од Лондон до Варшава денес направил непланирано слетување на аеродромот Варшава-Модлин поради дојава за експлозивна направа во него, по што аеродромот бил затворен, соопштија претставници на аеродромот.

Авионот слета во Модлин во 10:01 часот наутро, со 181 лице во него, изјави портпаролот на аеродромот Варшава-Модлин, Адам Шабловски, пренесува TVN24.

Тој додаде дека се чекаат пиротехничките екипи.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентски протест во Франција: Се очекуваат до 30.000 демонстранти

Авионот првично требало да слета на аеродромот Варшава Шопен, но бил пренасочен кон Модлин.

Според соопштението на аеродромот, во 9:54 часот наутро е прогласена тревога поради пријавена закана од бомба во авион што патувал на линијата Лондон „Хитроу“ – Варшава „Шопен“.

Во моментот на слетувањето, авионот имал 3,7 тони гориво.

„По слетувањето, авионот беше испратен на одреденото место, каде што ќе остане до понатамошни одлуки и наредби од надлежните служби, вклучувајќи ги и пиротехничките екипи“, се наведува во соопштението.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СКАНДАЛ! Грчка невладина организација собрала милиони за лекување на деца, ги потрошиле во обложувалници!

Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека надлежните служби ја проверуваат пријавената закана и преземаат мерки за безбедноста на сите лица на аеродромот.

„Безбедноста на патниците, екипажот и вработените на аеродромот во моментов е приоритет“, се наведува во соопштението, со најава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и продолжувањето на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени подоцна.