Денеска, утре и задтуре без струја делови од кумановско

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и Старо Нагоричане денеска и во следните два дена привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска  во период од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Егејска Македонија“.

Утре во период од 08:00 до 14:30 без струја ќе бидат жителите на селото Јачинце, поточно долниот дел од селото.

Од 09:00 до 14:00 часот утре прекини ќе има и во селото Кокино.

Задутре во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, улица „Осогово“, како и дел од „11 Ноември“ поточно пред мостот за населбата Бедиње.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапуваат горивата

Во период од 08:30 до 12:00 часот задутре без струја ќе останат населбата Средорек, дел од улицата „Доне Божинов“, објекти околу Автобуската станица, како и дел од улицата „Никола Тесла“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски