УХМР најавува нови врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, некаде и и над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ексхумација на уште една жена, психијатри го вештачат осомничениот убиец од Старо Нагоричане

Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник.

Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.

Никола Ивановски