Вечерва стенд-ап со Жарко Јовановиќ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово вечерва ќе можат да уживаат во степд ап шоу на актерот Жарко Јовановиќ во рамки на предновогодишната програма на градот.

Со почеток во 19:30 часот, Јовановиќ ќе се обиде да ги измами насмевките на кумановци во Занаетчискиот дом.

Влезот за сите граѓани е слободен.

Настанот е во организација на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово во рамки на програмата за новогодишните празници.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прогноза за Куманово: Што ни носи последниот викенд годинава?