Најмалку пет лица загинаа кога хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на земјата.
Хеликоптерот се урна во среда во близина на кампот Барафу.
Локалните медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека леталото било во спасувачка мисија.
Меѓу загинатите има водич, лекар, пилот и двајца странски туристи.
Несреќата се случила на надморска височина помеѓу 4.670 и 4.700 метри, објави весникот Мвананчи.
Планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, е висока 5.895 метри.
Околу 50.000 туристи се искачуваат на Килиманџаро секоја година.
Watano wafariki helikopta ikianguka mlima Kilimanjarohttps://t.co/N3GqXfvC2U pic.twitter.com/uKpcYDASsd
— BBC News Swahili (@bbcswahili) December 24, 2025

