Над 2.000 парчиња пиротехника пронајдени кај 71-годишник од Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Над 2.000 парчиња пиротехника пронашла полицијата утринава кај 71-годишен жител на селото Старо Нагоричане, по што го привеле.

– На 23.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Д.(71) од Старо Нагоричане. При контрола и преглед во неговиот импровизиран продажен објект во село Старо Нагоричане биле пронајдени 2051 парчиња пиротехнички средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица од кумановско поради меѓусебна тепачка