Заврши новогодишното украсување на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Заврши новогодишното украсување во централното градско подрачје на Куманово, соопшти директорот на ЈП „Куманово паркинг“ Андреја Маџовски, јавното претпријатие задолжено за празничниот изглед на градот.

– Моментално е завршено украсувањето во центарлното градско подрачје на Општина Куманово, изјави Маџовски, нагласувајќи дека годинава за украсување и раскитување биле издвоени околу 500 илјади денари.

 

 

– Општината во овој период одвои само за украсување и раскитување, тендерската постапка излезе околу 500.000 денари, толку имавме средства и толку одвоивме, рече тој.

 

 

Според директорот, поставени се украси набавени во претходните години, при што се применува практика на нивно купување, а не изнајмување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународен форум во Белград (ФОТО)

– Моментално се поставени украсите кои ги набавивме од претходните години и сакам да кажам дека доколку наредната година има повеќе средства ќе набавиме уште нови за разлика од она каде не одат средствата за изнајмување на елементи и украси, туку ги купуваме и остануваат за градот, истакна Маџовски.

 

 

Тој информираше дека украсни се двата плоштади, каде граѓаните ќе можат да уживаат во празничната атмосфера.

– Оставаме децата и повозрасните да уживаат во новогодишните празници. Благодарност до Занаетчиската комора и проектите со Општина Куманово кои за прв пат поставија куќички и ќе имаме Божиќен маркет, ќе можат да си пазаруваат, да се напијат греено вино, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан и ограбен во центарот на градот

 

 

Воедно, од ЈП „Куманово паркинг“ информираат дека има ноќни патроли за заштита на украсите, а директорот упати апел до граѓаните да внимаваат на јавниот имот.

– Имаме патроли кои контролираат навечер, апел граѓаните да не ги оштетуваат, бидејќи тоа останува за градот, да ги заштитиме, бидејќи тоа е, колку имаме да изгледа добро, ги замолувам да не ги оштетуваат, нагласи Маџовски.

 

 

Тој посочи дека оштетените украси од минатата година се санирани и повторно ставени во функција.

– Имаше оштетувања од претходната година на некои од предметите, ги санираа и сега сите се во функција, како на овој, така и на малиот плоштад, додаде Маџовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со премиера на „Сакатиот од Инишман“, Театар Куманово ја затвора годината (ВИДЕО)

 

 

Маџовски потенцираше дека годинава нема нови украси поради ограничениот буџет, но очекува следната година градот да биде уште побогато украсен.

– Годинава немаме нови украси, бидејќи толку беше буџетот, следната година ако се стават повеќе средства се надеваме да биде поукрасено и да набавиме нови украси“, изјави директорот.

 

Никола Ивановски