Русија чека одговор од САД за намалување на вооружувањето

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, денес изјави дека Русија очекува одговор од Соединетите Американски Држави (САД) на предлозите на претседателот Владимир Путин во врска со Договорот за стратешко намалување на вооружувањето (СТАРТ).

„Имаме помалку од 100 дена до истекот на договорот. Предлозите што ги презентираше нашиот претседател се на нивна маса и чекаме одговор“, рече Шојгу, додавајќи дека предлозите даваат можност да се запре сегашниот деструктивен тренд.

Тој предупреди дека напуштањето на договорот за ракети со среден и краток дострел влијае на глобалната безбедност, објави Интерфакс, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му дал на Зеленски „неколку дена“ да го прифати мировниот план