Приведен кумановец, кој со овошје и зеленчук продавал и пиротехника

Сподели со своите пријатели

Педесет и осумгодишен кумановец бил приведен откако полицијата открила дека заедно со овошјето и зеленчукот продавал и пиротехнички средства.

– На 01.12.2025 во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од с.Тромеѓа, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.

– Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена  соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник тешко повреден при судир на „Хонда“ и „Априлија“ во Куманово

Никола Ивановски