Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) со подршка на National Endowment for Democracy изминатите пет дена одржа тренинг курс во Маврово на кој се промовираше младински граѓански активизам и дијалог во мултиетнички заедници во северна Македонија.
Со овој прект се опфатени општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. На тренинг курсот учество зедоа 20 ученици од средните училишта во Куманово и Липково како и од основното училиште од Старо Нагоричане. Покрај учениците на тренинг курсот учество зедоа претставници од општинската и училишната администрација од овие три општини.
Преку овој тренинг курс, учесниците ги детектираа главните предизвици во нивните средини и развијаа најмалку 4 политики за застапување со цел промовирање на младинските права, активности за градење на мир и разрешување на конфликти од перспектива на младите. Активностите ќе се фокусираат на потикнување на меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог и ќе им овозможи на младите учесници да бидат промотори на општествени промени во нивните средини. Овие активности се целосно иницирани од учениците во средните училишта како и од основното училиште од Старо Нагоричане и истите ќе започнат да се имплеметираат од втората половина на септември – велат од ЦИД.