Продолжуваат инфраструктурните инвестиции во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово продолжува со реализација на повеќе инфраструктурни активности во различни делови од градот, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

Во тек се градежни зафати на тампонирањето на месноста „Говедарски пат“, во близина на фабриката „Киро Фетак“.

 

 

Димитриевски посочува дека со овој зафат се овозможува значително подобрување на патната комуникација во индустрискиот дел од градот.

„Со овие зафати обезбедуваме подобри услови за движење, полесен пристап до работните зони и поголема безбедност за нашите сограѓани. Продолжуваме со континуирани инвестиции во секој дел од Куманово!“, изјави градоначалникот.

 

 

Паралелно со овие активности, Општината информира дека е завршено бекатонирањето на улицата „32“ во населбата Карпош, како и асфалтирањето на дел од улицата „Страшко Симонов“ во централното градско подрачје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Донација од SEEBRIG за детската градинка „Ангел Шајче“ (ФОТО)

 

Никола Ивановски