Гимназијалци од Куманово во трка на натпревар вреден милион денари – поддржете ги со гласање!

Сподели со своите пријатели

Учениците Андреј Доневски, Теодор Ефремовски и Теодосиј Лазаревски од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово со својот тим „Локални херои“ и иновативната идеја KupuvajLokalno.mk се најдоа меѓу најдобрите 53 бизнис идеи во Македонија во рамките на натпреварот „Средношколец Милионер“, најголемиот натпревар за млади претприемачи во земјата.

Овој национален предизвик, организиран од Brainster Next и NU High School Academy, има за цел да ги открие следните млади иноватори и лидери кои ќе создаваат решенија со реално влијание.

Од вкупно 438 поднесени идеи, токму тимот од Куманово се издвојува со креативност, иновативност и претприемачки дух, што претставува значаен успех и гордост не само за учениците, туку и за самата Гимназија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово доби противпожарно возило со скала од 32 метри (ФОТО+ВИДЕО)

Сега, за да стигнат до полуфиналето, на „Локални херои“ им е потребна поддршка од јавноста.

Гласањето е отворено до 16 ноември, а само 20 тимови со најмногу гласови ќе продолжат во следната фаза.

Можете да гласате за нив на следниот ЛИНК.

Никола Ивановски