Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу седум степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Ноќва се очекуваат врнежи од дожд.

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 15 степени целзиусови.
Сончево и релативно топло време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат во интервал од 3 до 17 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 17 степени целзиусови.
Сабота носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а дневниот максимум ќе достигне 14 степени целзиусови. ноќта кон недела се очекуваат услови за дожд.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

