Трогателна видео снимка од момче спасено од урнатини на зграда погодена од воздушен напад во Алепо вртоглаво се шири по социјалните мрежи. На снимата е петгoдишниот Омран кој настрадал под урнатините од зградата која била погодена.
Снимката која ја објави „Алџезира“ зборува за ужасот кој се случува во Сирија и е доволно јасен доказ зошто целиот свет е преплавен со бегалци од овие подрачја кои бегаат за да ја спасат својата иднина, но и иднината на своите деца.
Loading...