Во Украина воведен итен прекин на струја

Сподели со своите пријатели

Како резултат на масовниот руски напад врз клучната инфраструктура на Украина, воведен е итен прекин на електричната енергија во повеќето региони на таа земја, соопшти компанијата Укренерго.

Во соопштението објавено на Телеграм, Укренерго наведува дека работата на обновувањето на електроенергетскиот систем ќе започне веднаш штом ќе дозволи безбедносната ситуација, пренесува денеска Униан.

Официјалните лица ги повикаа Украинците да ја користат електричната енергија умерено за да го намалат оптоварувањето на мрежата, велејќи дека вонредните исклучувања ќе бидат укинати кога ситуацијата во електричната мрежа ќе се стабилизира.

Поради силното гранатирање, Укренерго нареди итни прекини на струјата во регионите Киев, Одеса и Дњепропетровск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Порака од Хелсинки: Зеленски да го прекине конфликтот и да оди во Москва