Фудбалери на Беса од Слупчане претепале играчи на ФК Аеродром (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци, фудбалери на Беса од липковско Слупчане биле приведени бидејќи физички нападнале играчи на противничкиот ФК Аеродром.

– На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението, СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица повредени, откако „БМВ“ излетало од патот Липково – Арачиново

 

Никола Ивановски