Принцот Вилијам се подготвува да го преземе тронот

Сподели со своите пријатели

Лекувањето на британскиот крал Чарлс III од рак се покажа како многу покомплицирано отколку што јавноста претпоставуваше, објавува RadarOnline.

Според извештаите, поради влошената здравствена состојба на монархот, принцот Вилијам веќе презел голем дел од кралските должности и сè повеќе влегува во улогата на иден владетел.

На кралот Чарлс III му беше дијагностицирана малигна болест во февруари 2024 година, по што започна интензивен третман.

Иако неговата состојба се влоши во последните месеци, извори од Бакингемската палата велат дека монархот одбива целосно да се повлече.

– Тој е исцрпен, но не запира. Инсистира да ги прегледува своите црвени папки секое утро и да остане вклучен во сите владини работи. Верува дека служењето на земјата е негов повик и ќе продолжи сè додека може – рече еден од кралските асистенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија ја доби својата прва жена премиер

Вилијам презема клучни одговорности

Како што здравјето на кралот Чарлс се влошува, принцот Вилијам почнал сè повеќе да се вклучува во управувањето со кралските работи.

Според британските медиуми, тој одиграл значајна улога во одлуката да се лиши принцот Ендру од сите официјални титули поради аферата поврзана со Џефри Епштајн.

На крајот на март, Чарлс III беше хоспитализиран поради несакани ефекти од третманот, што доведе до откажување на голем број официјални ангажмани и дополнително го зголеми товарот врз принцот Вилијам.

– Тие тивко го подготвуваат Вилијам за брза транзиција. Илузијата за совршено здравје се распаѓа, а јавноста сè повеќе ја гледа реалноста зад круната – изјави извор близок до кралското семејство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Николас Саркози денес оди во затвор на отслужување на казна

„Најтешката година во мојот живот“

Идниот монарх, кој жонглира со семејство и сè поголем број службени должности, призна дека се соочува со голем притисок.

– Би рекол дека 2024 година беше најтешката година во мојот живот – рече принцот Вилијам во разговор со актерот Јуџин Леви за списанието „The Reluctant Traveler“.

Британската јавност со загриженост ги следи случувањата во Бакингемската палата, додека сè повеќе аналитичари укажуваат дека Обединетото Кралство би можело да влезе во период на порано наследување на тронот од очекуваното.