Каратистите на „Ронин Доџо“ од Куманово со нови медали од меѓународен турнир

Сподели со своите пријатели

Каратистите на кумановскиот клуб „Ронин Доџо“ постигнаа одличен успех на меѓународниот карате натпревар „Црна Трава Опен“, што викендов се одржа во Србија.

Младите натпреварувачи на клубот освоија вкупно шест златни и едно сребрено одличје, доминирајќи во дисциплината ката.

 

 

Златни медали освоија Лука Петрушевски, Адријан Таневски, Дамјан Стојановски, Кирил Младеновски и Бојана Денковска, сите во индивидуални настапи, додека Емил Миленковски се закити со сребро.

 

 

Посебно внимание привлече ката тимот во состав: Емил Миленковски, Лука Петрушевски и Адријан Таневски, кој исто така се искачи на највисокото место на подиумот, освојувајќи прво место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Д-р Иван Аргиров од Куманово учествуваше на Европскиот хируршки конгрес во Италија

 

 

Со овој резултат, „Ронин Доџо“ и тренерот Оливер Милорадовски, уште еднаш го потврдија својот континуиран успех и квалитетна работа со младите таленти, претставувајќи го Куманово и Македонија во најдобро светло на меѓународната сцена.

 

 

Изминатата недела, каратистите на „Ронин Доџо“ освоија вкупно 13 медали на Меѓународниот карате натпревар „Топлица Опен“, кој се одржа во Прокупље, Србија.

 

Никола Ивановски