Трајковски: Со нови улици, осветлување и мостови вложуваме во иднината на Куманово

Сподели со своите пријатели

„Инфраструктурата e основа на квалитетниот урбан живот. Во изминатите години вложувавме во континуитет во овој многу значаен сегмент за граѓаните,“ изјави Аце Трајковски, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово.

Тој истакна дека Општината ќе продолжи да вложува во развој и модернизација на инфраструктурата, со цел да се обезбеди подобро секојдневие за сите граѓани.

„Ќе реализираме повеќе значајни проекти за изградба и одржување на патната инфраструктура, на гасификацијата, модернизација и проширување на системите за водоснабдување, фекалната и атмосферската канализација и други суштински проекти за подобрување на животот во секој дом,“ нагласи Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово поразен од РК Струга со гол во последна секунда

Меѓу планираните активности се реконструкции на главните сообраќајници во централното градско подрачје, подобрување на уличното осветлување, изградба на тротоари и нови паркинг зони во приградските населби, како и уредување на патната инфраструктура во руралните средини. Предвидена е и изградба на нов мост на Крива Река во село Довезенце.

„Куманово денес е пример за општина што расте рамномерно и плански. Инфраструктурниот развој е насочен кон секое маало, секое село и секоја улица бидејќи сите заслужуваат подобри услови. Градиме нови улици, обновуваме тротоари, поставуваме улично осветлување и водоводни и канализациски мрежи, таму каде што тоа најмногу им треба на граѓаните,“ изјави Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Стрезовце повреден откако се преврте товарно возило на градилиште

Тој додаде дека со ваквите проекти се покажува дека Куманово е општина што не заборава никого.

„Секој метар нов асфалт, секоја осветлена улица, секоја нова инфраструктура и реконструирана патека е доказ дека работиме заедно и вложуваме во иднината на нашата заедница,“ порача Трајковски.

Никола Ивановски