Каратистите на „Ронин Доџо“ од Куманово брилираа на меѓународен турнир во Србија

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово викендов учествуваше на Меѓународниот карате натпревар „Топлица Опен“, кој се одржа во Прокупље, Србија, и се врати со богат биланс – вкупно 13 медали, од кои 5 златни, 2 сребрени и 6 бронзени.

 

 

Кумановските каратисти остварија одлични резултати во поединечните и екипните категории.

Во дисциплината ката, златни медали освоија Емил Миленковски, Анисија Илијовска, Милица Кипријановска, Бојана Денковска, како и ката тимот составен од Емил Миленковски, Марко Крстевски и Лука Петрушевски.

 

 

Сребрени медали им припаднаа на Лука Петрушевски (ката) и Кирил Младеновски (борби), додека бронзени освоија Јан Илиев, Марко Крстевски, Јаков Илиев, Дамјан Стојановски, Димитриј Илијовски (ката) и Ана Илиевска (борби).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово со победа ја отвори новата сезона

 

 

Тренерот Оливер Милорадовски, под чие менсторство настапија каратистите, изрази задоволство од резултатите, истакнувајќи дека настапот во Прокупље претставува уште една потврда за континуираната работа и успехот на младите кумановски каратисти на меѓународната сцена.

 

Никола Ивановски