Претстава за деца утре во рамки на фестивалот „Куманиум“

Сподели со своите пријатели

Во рамките на фестивалот „Куманиум“ годинава ќе биде изведена детската претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“ од „Театар за тебе“ од Скопје.

Најмалите ќе имаат можност да уживаат во маските од познати цртани филмови, а ќе има и караоке и перформанс за деца.

Настанот започнува од 11 часот. Поради лошите временски услови, наместо на отворено, ќе се одржи во салата на Занатчискиот дом. Влезот е слободен.

Организацијата е на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови сали, ИТ кабинети и реконструкции на низа училишта, најави Марковска (ВИДЕО)