Околу 2,3 милиони луѓе останаа без струја во Мексико

Сподели со своите пријатели

Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија на југоистокот на Мексико, што предизвика хаотична ситуација, особено во туристичкиот град Канкун, соопштија тамошните власти.

Прекинот на електричната енергија траеше четири часа во петокот навечер поради прекин на врските меѓу неколку мрежи, а половина од корисниците во силно погодените области на државите Јукатан, Кампече и Кинтана Ру сè уште се без електрична енергија.

„Околу 2,3 милиони корисници беа погодени“, објави Федералната комисија за електрична енергија.

Семафорите престанаа да работат во Канкун, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, додека само бизнисите со генератори продолжија да работат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија: Откриена најголемата нелегална фабрика за цигари, запленети 300 тони

Телефонската услуга беше прекината повеќе од два часа во некои делови од градот, кои секоја година ги посетуваат милиони туристи.