„Бог на колежот“ вечерва на програмата на МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Бог на колежот“, вечерва од 20 часот на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе настапи Македонскиот народен театар во рамките на третата вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на Комедија.

Инспирирана од драмата „God of Carnage“ на Јасмина Реза, претставата е интелигентна комедија што преку духовит дијалог и суптилна критика ги отвора прашањата на современото живеење, лицемерието и скриените човечки емоции.

Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Наталија Теодосиева.

Режисер на претставата е лауреатот на годинешното издание на фестивалот, актерката Весна Петрушевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународни саеми – Органска трпеза и Агромак од утре во Куманово

Никола Ивановски