Меѓународни саеми – Органска трпеза и Агромак од утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осмиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и 4. Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агромак“ од утре ќе бидат отворени во Куманово.

Саемската манифестација, која ќе трае три дена на паркингот кај градскиот базен ќе биде отворена за посетители од 9 до 18 часот.

Истата има за цел да промовира здрави производи, современи земјоделски технологии и можности за преработка на храна.

Настанот е организиран со поддршка на Општина Куманово, преку Програмата на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој – ЛЕР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец. Го нападнал татко на својата сопруга

Никола Ивановски