Ракометарките на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона од Супер женската лига, совладувајќи го составот на Астибо со 25-19 (11-8) во натпревар од второто коло.
Дуелот се играше во рамноправно прво полувреме, во кое кумановки постепено ја градеа предноста и на пауза заминаа со водство од три гола разлика (11-8).
Во продолжението избраничките на тренерот Славиша Димитриевски го контролираа резултатот, а во завршницата со сигурна игра го потврдија триумфот.
Најпрецизни во редовите на Куманово беа Росана Павлова со седум погодоци, а еден гол помалку реализираше Бразилката Силва Азеведо.
Кај Астибо најдобра беше Марија Анцева со 11 гола.
Никола Ивановски