Намален кредитниот рејтинг на Франција поради политичката нестабилност

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција, само неколку дена откако земјата назначи нов премиер.

Агенцијата како основа за намалување на рејтингот на Франција од АА- на А+, објави Политико.

Перспективата е стабилна, соопшти Фич.

„Од предвремените парламентарни избори во средината на 2024 година, Франција имаше три различни влади. Оваа нестабилност ја ослабува способноста на политичкиот систем да спроведе значајна фискална консолидација и ја прави малку веројатна дека главниот фискален дефицит ќе се намали на 3 проценти од БДП до 2029 година, како што е целта на владата во заминување“, се вели во соопштението на Фич.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун најави подобрување на нуклеарното оружје и воената моќ

Намалувањето на рејтингот доаѓа во време кога Франција поминува низ политичка криза и се бори да го намали својот огромен јавен долг, според Политико.

Во вторник, францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Себастијан Лекорни за премиер откако неговиот претходник, Франсоа Баиро, беше отстранет еден ден претходно.

Нему му беше изгласана недоверба бидејќи предложи буџетот за следната година да се намали за 43,8 милијарди евра.

„Очекуваме дека претседателските избори во 2027 година дополнително ќе ги ограничат можностите за фискална консолидација во блиска иднина и дека постои голема веројатност политичкиот ќорсокак да продолжи и по изборите“, соопшти агенцијата.

Агенциите „Мудис“ и „Стандард и Пурс“ ќе го проценат кредитниот рејтинг на земјата во октомври и ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француски политичар: Фон дер Лајен проси пари за Украина