Фудбалерите на ГФК Куманово утре на домашен терен против составот на ФК БЕСА од Скопје ќе ја отворат новата сезона во рамки на Третата лига на Македонија.
– Старт на новото првенство ке го отвориме во недела со натпревар на домашен терен.Оваа сезона имаме амбиции за освојување на првото место и преку бараж натпревар да оствариме пласман во втората лига, информираат од клубот.
Сите играчи од минатата сезона, како што додаваат, останаа во клубот и екипата е засилена со неколку нови фудбалери од градот.
Натпреварот се игра утре од 16 часот на стадионот во Доброшане.
Никола Ивановски