Повреден мигрант од Авганистан пронајден во Лојане

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен мигрант од Авганистан со теленси повреди бил пронајден во атарот на липковското село Лојане.

– На 04.09.2025 во 20:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Лојане, општина Липково, со повреди било пронајдено едно лице мигрант. Екипа на Итна медицинска помош му укажала помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Полициски службеници констатирале дека лицето е М.Р.Н.(38) од Авганистан и според негово кажување бил физички нападнат на територија на Република Србија.

Loading...

– Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре против Ѓорче Петров, МРК Куманово против Радовиш