Наскоро средба меѓу Путин и Вучиќ во Пекинг

Сподели со своите пријатели

Александар Вучиќ и Владимир Путин ќе се сретнат во Пекинг. Ќе разговараат за широк спектар на теми, од енергетика, гасен договор и нафта, преку разговори за инфраструктура, до билатерални односи меѓу Србија и Русија.

Loading...

Вучиќ пристигна во Пекинг утрово и ја започна повеќедневната посета на Народна Република Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вучиќ ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Најавена е и средба со Си Џинпинг, како и со други високи кинески функционери и претставници на големи компании кои сега традиционално имаат големо влијание кај источниот сосед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина повика на мултиполарен свет: Кои се клучните пораки од самитот?