Кина повика на мултиполарен свет: Кои се клучните пораки од самитот?

Сподели со своите пријатели

Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), одржан од 31 август до 1 септември 2025 година во Тјанџин, ги собра лидерите од над 20 земји, вклучувајќи го кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди.

Loading...

Овој, најголемиот самит во историјата на ШОС, ги истакна клучните пораки за промовирање на мултиполарен глобален поредок, намалување на зависноста од американскиот долар и зајакнување на регионалната соработка.

Овогодинешниот самит на ШОС означи пресвртница во глобалната соработка со усвојувањето на Декларацијата од Тјанџин и Стратегијата за развој за 2025-2035 година, со што се поставија темелите за подлабока економска интеграција, промоција на трговијата со национални валути и проширување на организацијата.

Шангајска организација за соработка

Шангајската организација за соработка е меѓународна организација основана во 2001 година, која ги обединува земјите како Кина, Русија, Индија и земјите од Централна Азија.

Нејзината главна мисија вклучува регионална безбедност, економска соработка и поддршка за мултиполарен светски поредок.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека земјите-членки на Шангајската организација за соработка треба да се стремат кон взаемна корист и резултати што ќе им користат на сите страни, нагласувајќи дека ШОС претставува модел на нов вид меѓународни односи.

„Треба да се залагаме за еднаква и уредна мултиполаризација на светот, инклузивна економска глобализација и да промовираме изградба на пофер и порамноправен систем на глобално управување“, нагласи Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наскоро средба меѓу Путин и Вучиќ во Пекинг

Претседателот на Република Кина повика на поголема соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата, науката, технологијата и вештачката интелигенција.

Loading...

„Мора да ги искористиме пазарите од голем обем за да го подобриме нивото на олеснување на трговијата и инвестициите“, истакна Си.

Во своето обраќање, Си ја нагласи потребата членовите на ШОС да „го отфрлат менталитетот на Студената војна и блоковската конфронтација“, како и да ги поддржат мултилатералните трговски системи.

Петте принципи на иницијативата за глобално управување

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја претстави иницијативата за глобално управување на вториот ден од проширениот самит на Шангајската организација за соработка, позната како ШОС Плус.

За време на состанокот, кинескиот лидер ги истакна петте принципи на кои ќе се заснова иницијативата.

„Прво, треба да се придржуваме кон суверената еднаквост. Второ, треба да се придржуваме кон меѓународното владеење на правото. Следно, треба да практикуваме мултилатерализам. Потоа, треба да се залагаме за пристап ориентиран кон луѓето. И конечно, треба да се фокусираме на преземање вистински чекори“, рече Си, додавајќи дека земјите-членки треба да се стремат кон взаемна корист и резултати за сите.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја поддржа Иницијативата за глобално управување на кинескиот претседател Си Џинпинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин на средба со Си: Руско-кинеските односи се на невидено ниво

„Сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација расте. Здружувањето би можело да стане најважниот фактор во формирањето на пофер систем на глобално управување“, рече Путин и повика на враќање на традиционалните вредности на меѓународната агенда.

Декларацијата од Тјанџин

Советот на шефови на држави на земјите-членки на ШОС ја усвои Декларацијата од Тјанџин, која ги изразува заедничките ставови на членовите за актуелните регионални и глобални прашања и ги дефинира целите и приоритетите на организацијата до 2035 година.

Loading...

Како дел од декларацијата, земјите-членки донесоа одлука за основање на Банката за развој на ШОС и ја нагласија потребата од прилагодување на Обединетите нации на современите економски и политички околности.

Усвоена е стратегијата за развој на ШОС до 2035 година, која ги поставува приоритетите и насоките за продлабочување на соработката меѓу членовите, како и „мапа на патот“ за развој на енергетската соработка до 2030 година.

Дополнително, потпишан е договор за основање на Универзалниот центар за одговор на безбедносните предизвици и закани за земјите-членки на ШОС.

Во овој поглед, земјите-членки на ШОС едногласно го осудија терористичкиот напад што се случи на 22 април во долината Бајсаран, во Индија, во кој загинаа 26 лица, нагласувајќи дека „сторителите, организаторите и спонзорите на ваквите напади мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, пишуваат индиските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ пристигна во Кина, планирани средби со Путин и Си

Во Тјанџинската декларација на Советот на шефови на држави на ШОС, сите членови изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.

Танцот на змејот и слонот, „рестартирање“ на односите меѓу Кина и Индија

Кинескиот претседател Си Џинпинг на првиот ден од самитот, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија треба да бидат партнери во соработката, а не соперници, нагласувајќи дека тие претставуваат можности за развој една за друга, а не закана.

„Ова е танцот на змејот и слонот и претставува развој на пријателски и партнерски односи меѓу двете најнаселени земји во светот, бидејќи тоа треба да биде вистинскиот избор и за Кина и за Индија“, рече Си.

Кинеско-индиските односи беа затегнати поради граничните судири во 2020 година, но односите постепено се подобрија преку повлекување на трупите. Самитот во Тјанџин, со првата посета на премиерот Моди на Кина по седум години, означи чекор кон подобрување на билатералните односи.

Loading...

Што се однесува до приемот на нови членови, претседателот на СИ го поддржа приклучувањето на Азербејџан, кој има статус на земја партнер, кон Шангајската организација за соработка.