Украина разнесе руски брод со пратка оружје од Иран (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Според соопштението на Генералштабот, операцијата е спроведена во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на Одбранбените сили на Украина, а нејзината цел била да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади, објавува „Киев пост“.

Loading...

Пристаништето Олја е едно од клучните места за логистички прием на воена опрема од Иран.

Цел на нападот бил бродот „Порт Олја 4“, за кој се вели дека превезувал дронови и муниција.

Деталната проценка на настанатите штети сè уште е во тек.

Во раните утрински часови, украинските дронови нападнаа и рафинерија во градот Сизран, Самарска област.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинските специјални сили нападнаа клучна руска рафинерија

Мештаните пријавија до десет експлозии од околу четири часот наутро, а видеа и фотографии од пожарот во близина на фабриката се појавија на социјалните мрежи.

Руските власти сè уште не ја потврдија обемот на штетата, додека Киев не дал официјално соопштение до моментот на објавување на веста.

Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта нивната воздушна одбрана соборила вкупно 53 украински беспилотни летала.

Loading...

Во последните пет дена, украинските сили погодија неколку важни руски нафтени и гасни постројки, нанесувајќи нови удари на енергетскиот сектор и на снабдувачките линии на руската војска.

Така, на 14 август беше нападната рафинеријата ЛУКОИЛ-Волгограднефтепереработка во Волгоградската област, најголемиот таков објект во Јужниот федерален округ на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Самитот во Алјаска мора да доведе до прекин на огнот

Таа преработува околу 5,6 проценти од суровата нафта на Русија и произведува дизел, бензин и авионско гориво за војската.

Нападот, по кој избувна голем пожар, го потврди Генералштабот на Украина, нагласувајќи дека го извршиле Силите за беспилотни системи и Службата за воено разузнавање (HUR). Сателитите FIRMS на НАСА снимија пожар од големи размери.

Еден ден претходно, на 13 август, камикази беспилотни летала ја погодија пумпната станица Унеча во регионот Брјанск, главниот центар на нафтоводот „Дружба“, долг 9.000 километри.

Според извори од ХУР, тоа е клучен објект за снабдување на рускиот воено-индустриски комплекс.

На 10 август, ХУР изврши напад врз рафинеријата „Лукоил-Ухтанефтепереработка“ во Република Коми, на повеќе од 2.000 километри од украинската граница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инсајдерски извештај пред состанокот. „Путин е добро подготвен. Ќе биде немилосрден“

Иако Киев не го откри обемот на штетата, украинските власти велат дека целта на ваквите операции е да се ослабне производството на гориво на Русија и со тоа да се намалат нејзините воени капацитети.

Loading...