8 здруженија добија финансиска поддршка за проекти во областа на социјалната заштита

Сподели со своите пријатели

Осум здруженија ќе добијат финансиска поддршка од Општина Куманово за реализација на проекти во областа на социјалната заштита, соопшти Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура, спорт и социјална заштита при Општината.

Loading...

– Општина Куманово се стреми кон намалување на социјалните ризици, превенција како и добросостојба на сите граѓани. Со тоа имаме и финансиска поддршка за здруженија, а кои се однесуваат и кои вршат работат од социјалната заштита, здравствената заштита, детската заштита, но исто така и заради поголема транспарентност на самата општина и сите оние кои работат во овој сегмент, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени уште две улици во населба Карпош, започнува бекатонирање во Ајдучка Чешма

 

 

Тој објасни дека јавниот повик бил проследен со дебати и состаноци со работни организации и невладини, при што биле дефинирани приоритетите.

– Врз основа на тоа имавме програма за социјална заштита за 2025 година на секторот, со кој имавме обезбедени средства од еден милион и 150 илјади денари. На јавниот повик се пријавија 13 здруженија, од кои осум ги исполнија условите, останатите пет беа одбиени заради некомплетна документација, рече тој.

Меѓу здруженијата кои ќе добијат поддршка е „Пулс на демократија“, кое ќе работи на дигитална заштита на секое дете, како и хуманитарната организација „Мајка“, чиј проект е насочен кон изработка на стратегија за родова еднаквост.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум објекти во центарот на Куманово ќе бидат гасифицирани до крајот на годината

Женското здружение „Линда“ ќе ја промовира родовата еднаквост во основните училишта, додека Центарот на ромска заедница „Дром“ ќе подготви две стратегии – една за инклузија на маргинализирани групи и друга за младите.

Поддршка ќе добие и здружението на лица со посебни потреби „Прогрес“, кое ќе обезбеди помош за лица со попреченост, како и Здружението за наука, култура и уметност, кое ќе спроведе обука за наставници и ќе идентификува музички таленти како дел од иницијативите за социјална кохезија.

Проектот на здружението „Доверба“ ќе биде насочен кон младите, со активности за поддршка и превенција од социјални ризици.

– Поддршка ќе добие и Здружението на виши медицински сестри, кое ќе реализира активности со најмладата популација од предучилишна возраст во соработка со детската градинка „Ангел Шајче“. Преку малите чекори кон здрав живот ќе им објаснуваат и доловуваат на младите како здраво да се хранат, како да бидат активни, итн,“ додаде Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затруено четиригoдишно дете примено во кумановската болница

Никола Ивановски