32-годишен кумановец ја нападнал својата мајка

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишник од Куманово бил приведен викендов по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.

– На 04.07.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.С.(32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово