Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово

Сподели со своите пријатели

Лице во бессознание викендов било пронајдено пред зграда во Куманово, по што истото било пренесено на скопските клиники.

– На 04.07.2026 во 18:50 часот во СВР Куманово А.И. од Куманово пријави дека пред зграда на улицата „Бранко Богдански Гуцман” во Куманово имало лице во бессознание, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој имал здравствени проблеми и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а по извршени проверки било констатирано дека се работи за 59-годишен маж од Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите повторно ќе надминат 30 степени