Неделна прогноза за Куманово: Температурите повторно ќе надминат 30 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер одсеверозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32-годишен кумановец ја нападнал својата мајка

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време, со сончеви периоди во претпладневните часови и услови за дожд и грмотевици попладне.  Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 30 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 31 степен целзиусов.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово

 

 

Петок носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северозапден правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 13 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 30 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме сончево и многу  топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од исток и североисток, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопјанка натепала кумановка во кафеана, полицијата ја привела

 

Сончево и многу топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски