Продолжува поставувањето на системот за греење и вентилација во Спортската сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат градежните работи за поставување на новиот систем за греење и вентилација во градската Спортска сала во Куманово, со што се реализира една од најзначајните инвестиции за модернизација на овој спортски објект во последните години.

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, во тек е инсталацијата на нова машинска котлара, современ систем за вентилација, вентилациони комори, каналска мрежа и комплетно машинство, со што салата ќе добие современ и енергетски поефикасен систем за климатизација.

 

 

Проектот опфаќа поставување на нова машинска и техничка опрема, која ќе овозможи поефикасно загревање во зимскиот период, подобра вентилација и поквалитетни услови за користење на објектот во текот на целата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопјанка натепала кумановка во кафеана, полицијата ја привела

 

 

Со новиот систем се очекува значително да се подобри комфорот за спортистите, тренерите, гледачите и сите корисници на салата, како и да се намалат трошоците за енергија преку примена на современи технички решенија.

 

 

Инвестицијата е дел од проектот за реконструкција и модернизација на Спортската сала, која претставува најголем затворен спортски објект во Куманово и домаќин на натпревари во кошарка, ракомет, одбојка, футсал и други спортови.

 

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, а неговата вредност изнесува 52,8 милиони денари со вклучен ДДВ.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово

По завршувањето на проектот, Спортската сала ќе располага со современ систем за греење и вентилација, што ќе овозможи подобри услови за тренинзи, натпревари и организирање на други спортски и јавни настани во текот на целата година.

 

Никола Ивановски