Без вода денеска привремено ќе бидат неколку локации во Куманово, поради интервенции или дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има во населбата Средорек поради приклучување на објект на водоводна мрежа.
Kaj Противпожарната станица исто така ќе има прекини, поради изместување на постоечка внатрешна против-пожарна инсталација во објект.
Поради дефекти без вода привремено денеска ќе бидат улиците „Живко Чало“ бр. 15, „Б.И. Гуне“ бр. 26, улица „1“ бр. 76 во населбата Јане Сандански, додека поради интервенција прекини ќе има и на улицата „Драги Шутевски“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на скоро нормализирање на состојбата.
Никола Ивановски