Десетто место за Матеј и шесто место за Стефан на натпревар во Италија

Сподели со своите пријатели

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик ”HIPPO”, кој се одржа во Лидо ди Џесоло, Италија, двајца ученици од Куманово се вратија дома со освоени награди.

Loading...

Maj 2015 Hippo 079

Матеј Серафимовски од VI-3 одделение од ООУ ”Кочо Рацин” од Куманово, со освоени 93,33 насто успех во четири вештини, и тоа пишување, зборување, читање и слушање со разбирање, се пласираше на 10-тото место во категорија Hippo 1, соопшти менторот Анита Димовска, професор по англиски јазик и ментор.

Во генерација 1998, ученикот Стефан Соларски од СОУ Гимназија”Гоце Делчев”со 83,71 % успех се пласираше на  6 – то место во категорија Hippo 4 под менторство на професор Елена Марковска.

Матеј е наша гордост, вели неговата менторка Анита Димовска. Ова е голем успех за сите нас.

Leave a Reply