Караванот „Со срце за нашата општина“ на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денес продолжи со својата теренска мисија во Гостивар, каде што се одржа отворена средба со граѓаните од целиот регион.
Разговорот се водеше во духот на искреност, еднаквост и директна вклученост на жителите на Гостиварско во обликувањето на програмата за претстојните локални избори.
Караванот беше предводен од: Горан Минчев, генерален секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Бобан Карапејовски, член на Извршниот одбор, Марин Алексов, член на Извршниот одбор.
Во фокусот на средбата беа предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и околните населени места, од урбан хаос, недоволна поддршка за младите и жените, до запоставена инфраструктура и недостаток на инвестиции.
Пред членовите, подржувачите и граѓаните на Гостивар, Минчев истакна:
„Не доаѓаме со подготвени говори и празни фрази. Дојдовме да слушаме, да учиме од граѓаните и заедно да изградиме програма што произлегува од реалниот живот, а не од политички шаблони. Затоа нашата визија е силна – затоа што ја креираме со народот.“
Со секоја нова средба, Движењето ЗНАМ потврдува дека не води политика оддалечена од народот, туку политика што се темели на дијалог, со директен контакт, искрен разговор и вистинска посветеност на секојдневните предизвици на граѓаните.