Американската крајбрежна стража заплени дрога вредна над 20 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Американската крајбрежна стража (USCG) објави дека пресретнала и запленила кокаин и марихуана во вредност од повеќе од 20 милиони долари (17 милиони евра) од наводни трговци со дрога.

Loading...

Во соопштението се наведува дека околу 1.006 килограми кокаин и 1.505 килограми марихуана биле истоварени вчера во базата на крајбрежната стража во Мајами Бич, објавува „Њујорк пост“.

„Спречувањето на штетните и нелегални наркотици да стигнат до нашите брегови и да влезат во нашите заедници е тимска работа“, изјави командантот на крајбрежната стража, бродот Нортленд, Брајан Гисмервик.

Голема количина дрога е запленета во меѓународна операција во која учествувале бродови од канадската и холандската морнарица, заедно со морнарицата на Соединетите Американски Држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сом нападнал Германец додека пливал во езеро

Крајбрежната стража не даде информации за осомничените.