Ферибот потона кај Бали: Шест лица загинаа, 30 се водат како исчезнати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица загинаа, а 30 сè уште се водат како исчезнати откако индонезискиот ферибот КМП Туну Пратама Џаја потона во близина на индонезискиот остров Бали во среда вечерта, соопштија властите.

Фериботот, кој превезувал вкупно 65 патници и членови на екипажот, потона половина час откако отпловил од Источна Јава кон Бали, објави Ројтерс.

Досега се спасени 29 лица, а спасувачите продолжуваат со потрагата во тешки временски услови, со силни морски струи и предвидени врнежи од дожд.

Бродови, хеликоптери и стотици спасувачи учествуваат во операцијата.

Властите соопштија дека бродот не бил преоптоварен, но причината за несреќата ќе се испита откако ќе заврши потрагата.