Серија земјотреси во Охрид

Loading...
Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ расте како политичка сила, не само во Куманово, туку во цела Македонија (ВИДЕО)

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.