Претседателката Ѓорѓиевска на форум во Кина (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На покана на Амбасадата на Република Кина, во име на Кинеската асоцијација за пријателство и соработка со странски земји, претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска учествуваше на “2025 China-CEEC Mayors Forum”, заедно со претставници на локалните самоуправи од земјите на Централна и Источна Европа.

Loading...

На Форумот се обратија претседателот на Кинеската асоцијација за ЦИЕ Јанг Ванминг, претседателот на Парламентот на Словачка Ричард Раси и градоначалникот на Нингбо Танг Феифан.

На панел дискусијата Ѓорѓиевска зборуваше за културното наследство, за размена на искуства со други држави и култури, за одличната геостратешка позиција и новата индустриска зона во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на мигранти од Египет во кумановско (ФОТО)

Претседателката на Совет на Општината присуствуваше на свечен прием организиран од страна на градоначалникот на Нингбо, на презентација на кинеска традиционална култура, а беше и во посета на фирми репрезенти на напредна технологија.

Loading...

Во рамките на „4. CHINA-CEEC EXPO & International Consumer Goods Fair“ во Нингбо, македонската делегација ги посети и претставниците на компании од РМ, кои активно се претставуваат пред азискиот и меѓународниот пазар, афирмирајќи го македонскиот производ.

Loading...