Осуманесетгодишник од Куманово завчера се здобил со тешки повреди откако со неговиот мотор се судрил со автомобил.
Loading...
– На 22.05.2025 околу 20.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски