Современи навики, нов пристап. IQOS е поблиску до корисниците во Куманово
Новите технологии сè почесто стануваат дел од секојдневните избори. Навиките што со години биле дел од личната рутина добиваат своја поинаква, современа алтернатива. За полнолетните пушачи кои не се откажуваат, но сепак размислуваат за промена, IQOS претставува решение кое ја комбинира науката, иновацијата и врвниот дизајн.
IQOS функционира на принцип на загревање, наместо согорување на тутунот. Тоа значи дека не се создава чад, нема пепел, а мирисот што се ослободува е значително помалку непријатен во споредба со оној на чадот од цигарите. Наместо чад, се создава аеросол, со што се намалува изложеноста на штетни материи. За многумина, токму оваа разлика е доволна причина да направат промена.
Зад IQOS стои повеќе од една деценија научни истражувања, вклучувајќи научници и експерти од различни области. Резултатот е технологија која не е само иновативна, туку и постојано се развива во согласност со реалните потреби на корисниците.
Во таа насока, IQOS постојано работи на тоа да биде сè поблиску до оние што сакаат да се информираат и да се одлучат за подобра алтернатива. Освен преку достапноста на уредите, брендот вложува и во нови форми на комуникација и поддршка, кои го прават целото искуство поедноставно и поперсонализирано.
Таков пример се и pop-up продажните места кои веќе се присутни во повеќе градови низ Македонија, вклучително и во Куманово. Овие локации овозможуваат побрз пристап до производите и поддршка што им е потребна на корисниците.
На pop-up продажната локација во Куманово, посетителите можат да се запознаат со различните IQOS уреди, да ги добијат сите информации од продажните експерти, да го персонализираат својот прв уред со достапната палета на додатоци, во пријатна и непосредна атмосфера. Поддршката е достапна и на македонски и на албански јазик, со што се овозможува подобро и попријатно искуство за секој корисник. Доколку сакаш да дознаеш повеќе, можеш да ја провериш IQOS мапата и да ја најдеш најблиската IQOS локација, вклучително онаа во Куманово.
Ако веќе си дел од IQOS заедницата, постојат начини како твоето искуство може да помогне и на другите. Твојот регистриран телефонски број е твојот код за препорака, односно со секоја успешна препорака се добива ваучер во вредност од 500 денари. Ако веќе си IQOS корисник, а сѐ уште не си пристапил кон платформата за лојални корисници – IQOS CLUB, ова е вистински момент да се најавиш, брзо и едноставно, со твојот телефонски број. Откриј ги сите новитети и загарантирај го својот пристап до ексклузивни програми со дополнителни привилегии.
Доколку си полнолетен пушач, остави ги лошите навики зад себе и избери подобра алтернатива. Информирај се за IQOS уредите кои го загреваат тутунот наместо да го согоруваат, со што овозможуваат вкус на вистински тутун, со 95% помалку штетни материи во споредба со цигарите.*
Важна информација: IQOS не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни
*„95% помалку” се однесува на просечните намалувања на нивоата на широкиот спектар од штетни материи (со исклучок на никотинот) во споредба со чадот на референтната цигара.
Промената може да започне токму денес.
Промо.текст: mk.iqos.com