Педесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека вршел лихварство.
– На 17.05.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(55) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски