Пожар избувна во Свјатошински кварт во Киев по напад на руски беспилотни летала.
Loading...
Пожарот е регистриран во нестанбена зона, а пожарникарите се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави Укринформ.
Како што е објавено преку Телеграм, службите за итни случаи се испратени на местото на инцидентот.
Засега не е познато дали има повредени. Во исто време, силите за воздушна одбрана дејствуваа во Киев, каде што се слушнаа експлозии.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди работата на воздушната одбрана и го предупреди населението да остане во засолништата додека не се објави официјалниот сигнал за крај на тревогата, пренесува Танјуг.